Македонија
17. January 2021 - 16:31

Ковачки: Македонија нема претставник во НАТО, владата испраќа кадри кои не го поминуваат филтерот на алијансата

Македонија веќе 2 и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел.

Опозицијата вели дека причината за тоа е што кандидатот предложен од владата и поддржан од претседателот бил одбиен од НАТО алијансата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и работело веќе една година во Брисел.