Македонија
22. December 2022 - 16:37

Ковачевски во Куманово, Мицкоски во Аеродром

Двајцата лидери на најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска низ локални активности се фалеа за сработеното годинава, но и ветуваа подобри денови. Премиерот Ковачевски направи обиколка во родното Куманово, а од пред млекарата Бучен Козјак, се пофали за резултатите кои ги даваат владините антикризни мерки на компаниите кои ги користат,но и дека ќе оствари се што им ветил и на компаниите и на граѓаните.

Неговиот опонент Мицкоски пак, од скопски Аеродром посочи дека Македонија со оваа власт на чело со Ковачевски и Ахмети тоне, а граѓаните трпат огромна штета. Повторно повика на предвремени парламентарни избори.

Но и од најголемата опозициска партија, не ги изостафија фалбите за сработеното низ годината. Градоначалникот на Аеродром, преку презентација прикажуваше што се направил во општината откако раководи со неа, но и кои се плановите за 2023.

Од СДСМ пред неколку дена ја имаа и завршната трибина во Скопје, 78 по ред, додека ВМРО-ДПМНЕ организираа отворени денови каде граѓаните имаа можност да учествуваат во креирање на буџетите на општините.