Македонија
1. December 2021 - 13:58

Ковачевски поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски денеска и официјално ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ.

„Заедно, одговорно и посветено“ е насловот на неговата програма за нов лидер на партијата. Главните принципи се фер шанса за сите, фокус кон економски развој на државата и јасни социјалдемократски вредности.

-СДСМ поминува низ еден предизвик во којшто мора да се менуваме и кадешто секој член на партијата е значаен, кадешто секој член ќе го каже својот глас. Глас што ќе биде слушнат, глас не само што ќе биде слушнат, туку и ќе може да се увери дека е постапено, рече Ковачевски.