Ковачевски: Определбата на Шведска и понатаму да остане најголем билатерален донатор во нашата земја е признание за нашите политики
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон која, како што информира владината прес-служба, му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска, Магдалена Андерсон, во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Македонија и му посакува нему и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети.
Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.
– Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите, соопшти прес-службата на Владата.

Во однос на процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.
-Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година, се наведува во соопштението на Владата.
Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата, ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.
Ново на Сител
-
Осомничените за измама при купување парцели за изградба на фотонапонски волтаици на распит во Кривичен
-
Oд јули повисоки сметки за струја до 10 проценти, најави Бислимоски
-
Патријарх Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделба конечно е исцелена
-
Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието
-
Изгоре половина куќа во Скопје, нема повредени лица
-
Кичевец подигнал околу 126.000 денари од туѓа платежна картичка
-
Со сила го внеле во „мерцедес“ и му се заканувале поради наводен долг
-
СЗО: Речиси 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во повеќе од 20 земји