Ковачевски: Нема поголема глупост од границите на Балканот
Премиерот Димитар Ковачевски при денешната официјална посета на Србија, кажа дека според него нема поголема глупост од границите на Балканот.
„Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние сме биле држави кои меѓу себе единствени немале граници, а сега сме единствени кои меѓу себе имаат граници. Ако излезете на север од овде (од Белград), на само 200 километри од тука, граници нема до Скандинавија. А ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници. Ако некои проекти не ги сакам кога ќе ми дојдат од ЕУ за финансирање, тоа е унапредување на гранична контрола. Нам не ни треба граници. Јас Западниот Балкан го замислувам како регион без граници, интегриран во ЕУ. Границите што во моментов постојат помеѓу земји кои имаат бесцарински режим меѓу себе и имаат пријателски односи, единствено се извор на корупција и ништо друго“, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк