Македонија
31. July 2022 - 16:42

Ковачевски не прифаќа, Мицкоски бара да се слушне народот преку референдум

Владејачката СДСМ не прифаќа референдум за францускиот предлог за почеток на преговорите и билатералниот протокол со Софија, дециден е премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој на понудената опција од Мицкоски власта и опозицијата заедно да го одредуваат референдумското прашање повтори дека референдумот е само за внатрешна употреба на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски ги повика и пратениците во парламентот да ги изласаат потребните уставни измени за продолжување на европскиот пат.

Оваа држава од денот на одржување на првата меѓувладина конференција го започна патот за зачленување во ЕУ. Од тој пат нема назад, нема ниту лево, а уште помалку десно односно кон истокот, така што сосема е нерелеватно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кое треба да биде изјаснување против зачленување во ЕУ… Затоа пратениците коишто ги претствуваат граѓаните треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ вклучително и закони и Уставни измени да ги носат во интерес на граѓаните. Ќе повторам уште еднаш највата за референдум е исклучиво за внатрешно-политички прашања во ВМРО-ДПМНЕ и за ништо друго

Од опозиициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека референдумот е можност да се чуе народот и ја повикуваат и власта и сите останати партии да ја поддржат нивната иницијатива.

“Со одење против референдум Ковачевски го помножи народот со нула, а народот ќе му покаже дека тој е нула. И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум. Ако е се како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него. … Со бегање од референдум, Ковачевски покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула, но тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.