Македонија
5. July 2022 - 15:50

Ковачевски: МВР ме информираше дека на протестите се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција кажа дека добил информации од МВР од каде му кажале дека денеска се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестите кои се планирани од 19 часот вечерва, што започнуваат од пред Владата.

– Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО – кажа Ковачевски.