-->
-->
Ковачевски – Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ
-->


Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски го поздравил одбележувањето на 30-годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
Во состав на владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски беа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со „фолксфаген артеон“ удрил во 78-годишен велосипедист
-
Малолетник заврши во болница откако бил удрен од „мерцедес“
-
Бектеши: Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања
-
ССМ: Во ребалансот не гледаме пари за зголемување од 2806 денари, итна средба со Владата
-
Пороен дожд и грмежи денеска и утре попладне
-
Ковачки: Бараме одговори за средбата на Талат Џафери со лица блиски до режимот во Кремљ
-
Бајден: Мајмунските сипаници се причина за загриженост
-
Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција