Ковачевски: Францускиот предлог не е прифатлив за нас
Премиерот Димитар Ковачевски го одби предлогот на Франција на денешниот самит на ЕУ за Западен Балкан.
„Северна Македонија е кандидат 17 години. Еве сме тука денес, а преговорите не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.
Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас.
– Предлог кој би бил прифатлив за Македонија ќе мора да содржи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не мжат да бидат дел од преговарачката рамка. Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнување на постапката за уставните измени. Цврсти гаранции дека Бугарија нема да условува со нови барања надвор од она што ќе биде договорено со билатералниот протокол. Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот, за Владата и за граѓаните на Македонија. Граѓаните можат да бидат спокојни – рече Ковачевски во Брисел.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето