Ковачевски- Фон дер Лајен: Силна поддршка од ЕУ за европска интеграција на Северна Македонија, да не се пропушти еднствената шанса

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
На средбата, беа разменети мислења за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Беше истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.
Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лејен, разменија мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите.

Двајцата соговорници се осврнаа на продобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на претседателката Вон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите.
Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот.
Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш беше потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.
На средбата се разговараше и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, чија евроинтеграција има геостратешка и безбедносна важност за цела Европа.
Ново на Сител
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
