Ковачевски: Екстерното треба целосно да се укине
СДСМ смета дека законските измени кои се однесуваат на екстерното тестирање, се само привидно прикривање на проблемот и оти тоа треба целосно да се укине.
- Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите кои ги нанесе. Само се обидуваат да ги ублажат последиците по нивниот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат во општиот успех се само привидно прикривање на проблемот, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски.
Иако, додаде тој, привидно се олеснува како процес за оценување на учениците, контролниот механизам за наставниците и понатаму останува со сите свои штетни последици. Екстерното оценување, како што рече. наместо дополнително да се усложнува треба целосно да се укине.
- Напоменуваме дека владата предводена од СДСМ, како прва мерка во образованието ќе го укине екстерното оценување. При тоа и ќе ги поништиме сите оценки добиени од екстерното оценување во една законска процедура, истакна Ковачевски.
За лошите политики во образованието, рече, говори и фактот што одлучува со амандмански интервенции да го корегира и законот кој го донеле пред нецели 7 дена за формирање на универзитетот „Дамјан Груев“, па дури и законот со кој ја формирале Академијата за наставници.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња