Македонија
5. December 2022 - 12:32

Ковачевски: Државата ќе ги покрие долговите за струја кај институциите кои имаат објективни причини за тоа

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги повика на одговорност.

– Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја само затоа што се од витално значење, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.