Ковачевски: Да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција.
-Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас допираат судбините на сите жртви во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас, судбините на тие луѓе никогаш не треба да ги заборавиме. Наша обврска е да го одржуваме споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието. Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција, објави Ковачевски.
На овој ден, потсети Ковачевски, се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка во Полска, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.
-Никогаш да не се заборави, за да не се повтори, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп