Македонија
28. February 2021 - 18:29

Ковачев: Македонските власти нека ја слушнат мудростa на Георгиевски пред да заминат да го распнат на крст

Честитки за храброста на Љубчо Георгиевски. Тој веќе е брутално нападнат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, што за жал покажува колку е отровно политичкото опкружување околу Вардар, напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник и вицепремиер на Европската народна партија, Андреј Ковачев, по повод вчерашниот предлог на Георгиевски.

– Некои елементи од предлогот на господинот Георгиевски да се излезе од ситуацијата во која се најде Владата на РМ, откако тврдоглаво одби да го спроведе Договорот за пријателство и добрососедство повеќе од три години, не се нови. Признавањето и на современата реалност и на историските факти мора да одат рака под рака, како што е запишано во договорот. Многу од неговите идеи покажуваат вистинско разбирање за реалниот проблем меѓу нашите земји и претставуваат сериозна основа за изнаоѓање политичко решение – вели Ковачев.

Тој додава дека Бугарија ги препознава новите реалности – создавање на современ македонски јазик и модерна македонска нација по 1944 година.

– Македонија мора формално да се одрекне од сите територијални претензии кон Пиринска Македонија, како и од какви било барања за македонско малцинство во Бугарија. Да, историчарите мора брзо да најдат јасно решение за општата историја, засновано врз оригинални документи од соодветната ера, за да потврдат како се дефинирале Гоце Делчев, Даме Груев и другите фигури на БМРОК / ТМОРО / ВМОРО / ВМРО. Сите тие се декларираа како етнички Бугари, и служеа на бугарската држава, на бугарската војска, на Бугарската егзархија, предаваа во бугарски училишта, пишуваа, зборуваа и го нарекуваа нивниот јазик бугарски, и сега тие се заеднички предци на двата модерни народи, без разлика дали го дале животот за слободата на Македонија и Одринска Тракија – вели Ковачев.

Бугарскиот европратеник додава: „Да, злосторствата на комунистичкиот режим на Тито против македонските Бугари, без оглед на бројот на жртви, мора да бидат разјаснети и признаени – вели тој.

Ковачев му заблагодари на Георгиевски за предлозите.

– Овие предлози се навистина добар почеток. Се надевам дека властите во Македонија ќе ја слушаат неговата мудрост пред да заминат да го распнат на крст – рече европратеникот и потпретседател на Европската народна партија Андреј Ковачев.

 

Поздравления за смелостта на Любчо Георгиевски. Той вече е нападнат жестоко и от СДСМ и от ДПМНЕ, което за съжаление...

Posted by Andrey Kovatchev on Sunday, February 28, 2021