Македонија
25. November 2019 - 16:39

Ковачев бара гаранции од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го почитуваат договорот ако дојдат на власт

За жал не добивме јасен одговор од опозицискиот лидер Мицкоски дека ќе го почитува Договорот за добрососедство. Потпретседателот на партијата на Бојко Борисов во интервју за бугарско радио демантира дека на средбата со Христијан Мицкоски на маргините на самитот на ЕПП во Загреб добиле гаранција дека ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт целосно ќе го почитува договорот со Бугарија

Изјавата на Ковачев доаѓа по серијата обвинувања од страна на власта дека Мицкоски во Загреб дал поддршка за Договорот за добрососедство, критикувајќи го дека едно зборувал дома, а друго во странство.
Премиерот, кој лично го критикуваше опозицискиот лидер и денеска не ретерира. И покрај фактот дека демантот стигна од сите кои присуствувале на средбата во Загреб, Заев и денеска се повикува на видеото објавено на социјалните мрежи.

Од опозицијата велат дека бугарскиот европратеник пред македонската јавност разобличил како што велат уште една лажна вест на владината пропагандна машинерија

Од опозицијата велат дека лажните ВЕСТИ нема да и помогнат на власта да се спаси од како што велат, извесниот изборен пораз во април.