Македонија
28. October 2021 - 10:27

Котлар: Стипендија за најдобрите ученици, учениците од социјално загрозените семејства и талентираните ученици

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Наташа Котлар вети дека доколку биде избрана ќе работи на обезбедување стипендии за ученици од социјално загрзоени семејства, талентирани ученици и за првенците на генерација од основните училишта.

-Ќе обезбедиме секоја година по 20 стипендии за најдобрите студенти од општина Центар, рече Котлар.