Македонија
15. November 2022 - 12:57

Костовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали и за нив Михајлов е дел од континуитетот на партијата

Христијан Мицкоски заложникот на Левица, лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов.

Самиот Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, дека ова партија е идеолошки поклоник на фашизмот.

Затоа и воопшто не чуди што основачите на бугарските клубови со фотографирани со Мицкоски, затоа што Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Но дали ваквиот став го делат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што на ова ќе каже Рашела Мизрахи на ваквото скандалозно признание на Мицкоски?

Што ќе кажат колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат од Градот – Херој, Прилеп и оние од револуционерно Куманово што Мицкоски бара да се почитува лик кој бил извршител на фашизмот?

Уште еднаш Мицкоски покажува дека е слаб, очаен, обичен послушник на Никола Груевски кој работи единствено на штета на државните и националните интереси.

 

СДСМ