Македонија
16. August 2022 - 12:07

Костовски: Ќе се гради нова детска градинка во Бутел 1

Денеска го потпишав одобрението за градење на нова детска градинка во дворот на ООУ св.Климент Охридски во Бутел 1.

Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни, капацитетот на оваа градинка ќе има простор да згрижи 120 деца.

Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до 2 години.

Почнуваме многу наскоро !

Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел