Македонија
13. February 2019 - 21:04

Костов: Во ГОБ „8 Септември“ донесени 33 пациенти, од кои 5 починати

Како што информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов, во  оваа болница се донесени 33 пациенти од кои пет биле починати. Меѓу згрижените има и млади, веројатно од машки пол, но деца нема.

-Повикани се сите медицински екипи и ангажиран е цел пероснал. Повредените се сместени во новиот траума центар и отворени се четири хируршки сали, нагласи Костов, додавајќи дека за кратко време Ургентниот центар ќе биде подготвен за 24 часовно нормално функционирање.