Македонија
11. October 2016 - 16:35

Костал вчера официјално почна со работа

Отворањето на производствениот погон во ЕМО е само почеток на присуството на Костал групацијата во Македонија

Костал ќе донесе економско заживување на охридско струшкиот регион. Во новиот погонот каде ќе се произведуваат делови за најпознатите брендови во автомобилската индустрија како мерцедес Бенц, БМВ, Бентли ,Форд и други марки ќе се отворат работни места.

Покрај адаптација на просторот со површина од околу 5700 метри квадратни, инвестирано е и во стручна обука на вработените во Ирска и Германија.

И покрај големата конкуренција германската компанија Костал ја одбра Македонија како најповолна дестинација за инвестирање.

Во комплексот на ЕМО ќе биде формирана индустриска зона каде освен Костал и други потенцијални инвеститори ќе работат на браунфилд инвестиции во постоечки капацитети кои ќе придонесат за развој на македонската економија и зголемување на бројот на вработените во земјава .