Бизнис
8. July 2016 - 10:32

Костадиновски во Долнени на увид на штетите од невремето

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе ја посети општина Долнени каде ќе направи увид на штетите направени од невремето во оваа Општина.

Првичната проценка на општинската Комисија за процени на штетите од невремето што го зафати Долнени завчера поплавени се околу 30 домови и над 300 хектари со жито и тутун.

Најпогодени се жителите од селото Лажани и Дебреште. Има штети во Житоше, Секирци и Кошино.