Македонија
24. January 2016 - 16:39

Костадиновски дематира дека на земјоделци не им бил дозволен закуп на земјиште

Само пет земјоделци од Карбинци ги исплнуват  условите за закуп на земјиштето. Заменик министерот за земјоделство  Костадиновски ги негираше  обвинувањата  од страна на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски дека дел од земјоделците од овој крај  на кои пред неколку години им е доделено земјиште за користење, истото не можат да го закупат.

Костадиновски го повика Николовски да направи ревизија на распределба на земјиштето од периодот кога СДСМ биле на власт.

Вчера Николовски најави  ревизија на распределба и враќање на земјата кај земјоделците.