Костадиновска-Стојчевска: Ќе возвратам со кривични пријави за ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска која вчера иако позитивна на Ковид отиде да гласа во Собранието во изјава за ТВ 24 рече дека ќе одговори на секоја кривична пријава.
Ова доаѓа откако вчера и ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија кривични пријави посочувајќи дека станува збор за тероризам.
-На колегите од ВМРО-ДПМНЕ ќе возвратам со кривична ријава до сите од нив зошто доаѓаат на работа каде ние сме предвидени да работиме минимум 5 дена во неделата и 8 часа, а тие седат по канцеларии. На пратениците од Левица исто ќе им возвратам со кривична пријава, зошто не ги исполнуваат условите кои ги отпишаа кога прифатија да бидат пратеници. Се појавуваат 10 минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си заминуваат - рече Костадиновска Стојчевска.
Посочува дека во Собранието се појавила според сопствено убедување, и не била принудена од никого.
-Ние сме избрани од народот и секогаш кофга ќе очувствуваме дека сме во можност да присуствуваме на седници каде се носат важни одлуки, ние ќе бидеме таму и под посебни протоколи. Јас сум асимптоматски случај и ги следев протоколите и се советував со мојот матичен лекар. Се возев со амбулатно возило приватно.“ - рече Костадиновска Стојчевска.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот