Македонија
18. May 2021 - 11:54

Костадинов: Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со опструкции, со блокади на важни законски решенија.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена работи на штета на граѓаните, на државата.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата конечно ќе добие нов современ Клинички центар после речиси 80 години.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за сите граѓани.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручни соработници.

Против се над 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат економска сигурност.

ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата.

Тие се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20.000 евра и да имаат други поволности при пензионирање. Тие се против се стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата.

Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Затоа шест пати ВМРО- ДПМНЕ се поразувани на изброи, затоа уште долго ќе се во опозиција.

 

Центар за комуникации на СДСМ