Македонија
30. October 2020 - 13:42

Костадинов: Ребалансот на буџетот обезбедува навремена и ефикасна помош

Костадин Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека четвртиот пакет мерки за помош ќе изнесува 470 милиони евра.

70 милиони евра ќе бидат наменети за 73 000 работници, за плати за месеците октомври, ноември и декември.

28 милиони се обезбедени за 270 000 граѓани од ранливата категорија.

Се обезбедуваат средства за реконструкција на Универзалната сала, Соколана Куманово, кружни текови во Кочани, нов водоводен систем во Чаир.

Владата и парламентарното мнозинство постојато ја следат кризата и состојбата и носат економски мерки за ублажување на негативните последици врз економијата предизвикани од пандемијата. Ребалансот значи помош за граѓаните и помош за македонската економија.

Да покажеме одговорност и посветеност и да го изгласаме, порача Костадин Костадинов.

 

Мирјана Давидовска