Костадинов: Јавноста заслужува одговор за купените станови на Иванов
Според јавно објавените информации, синот на Ѓорге Иванов купил два стана, над 200 метри квадратни, на атрактивна локација на Водно.
Типично за сите нечесни политичари, молк по овие објавени информации.
Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен?
Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови?
И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?
Добро е што Државната комисија за спречување корупциија отвори предмет за овој случај.
Мора да се расчисти до крај, јавноста заслужува одговори.
Иванов припаѓа на нечесна политичка структура позната по нечесниот однос кон законите, уставот и граѓаните.
На истата структура и припаѓа и Гордана Силјановска. Таа е горд застапник на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.
Силјановска и Иванов и двајцата бранат насилсници и криминал, и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.
Затоа на претстојните избори, граѓаните ќе изберат чесен и правичен претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски.
Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ја води државата напред и нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово