Костадинов: Извршниот одбор ќе одлучи дали ќе има предвремени парламентарни избори
На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ вечерва се очекува да биде донесена одлука во врска со евентуалното одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Исто така, на состанокот, може да стане збор и за консензулен претседателски кандидат.
Има, вели портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, силни аргументи дека дека треба да одиме на предвремени парламентарни избори, но и аргументи дека можеби сега не е моментот имајќи го предвид целиот претстојниот процес на интеграција на државата во НАТО и ЕУ.
-Доколку размислувавме и се водевме исклучиво од партискиот интерес тогаш не ни требаше воопшто дебата. Земајќи ги предвид анкетите знаеме дека СДСМ е фаворит на било какви избори. Но, ние како партија се водиме исклучиво од интересот на граѓаните. Таква ќе биде и одлуката, најави пред одржувањето на состанокот Костадинов.
Тој додаде дека на Извршниот одбор на партијата може да се отвори и темата околу консезуален кандидат за претстојните претседателски избори.
-Тоа значи дека кандидатот за претседател е добро да биде што поприфатлив за мнозинството граѓани секако и за повеќе политички партии, тука пред се мислам на нашите коалициски партнери, рече тој.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората