Костадинов: Доколку се докаже дека членови на СДСМ се огрешиле ќе одговараат и согласно партискиот статут
Државата изгради институции и систем што се бори против корупцијата и криминалот.
Случаите мора да се истераат до крај во интерес на граѓаните и државата, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Вели дека Христијан Моцкоски не го интересираат реформите и напредокот на државата, туку само заштита на криминалите на Никола Груевски. Според него, старото крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака попис, туку сака државата да остане блокирана. Рече дека СДСМ ќе направи се правдата да биде задоволена. Во однос на двајцата пратеници за кои во јавноста се зборува дека се дел од рекарскиот скандал, Костадинов вели дека доколку во транспарентна постапка се докаже дека се огрешиле, СДСМ ќе преземе мерки согласно партискиот статут.
Костадинов вели дека лидерска средба ќе се одржи и без претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека нема да учествува.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада