Македонија
23. May 2019 - 14:39

Костадинов: Да бев Крсто Мукоски ќе си поднесев оставка

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов рече дека ако бил на местото на Крсто Мукоски за да покаже морал и етика до сега ќе си поднел оставка.

Мукоски беше дел од групата која се гонеше за настаните во Собранието од 27 април а на снимките се виде дека токму тој и ги отвори на толпата вратите од законодавниот дом.

Подоцна како што потврди и премиерот Заев, во замена за неговиот глас за промена на уставното име доби амнестија заедно со повеќе пратеници додека една група беше осудена на повеќе од 200 години затвор.

Инаку Костадинов денеска по оставката на Богоевски побара морална одговорност и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и глас за одземање на мандатот на Груевски.

 

Александар Спасовски