Македонија
14. јуни 2021 - 11:47

Костадинов: 5,77 милиони евра за поддршка на над 2.200 угостителски објекти

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа, со вистинска поддршка за македонската економија, за спас на работните места.

Обезбедени се 5,77 милиони евра за 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со одлука на Владата за спречување на ширење на Ковид.

Од нив, 2,99 милиони евра е вкупната поддршка врз основа на пресметаниот просечен месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30% помножен со соодносот на денови колку што овие компании беа затворени во април 2021.

Дополнително на ова, секоја компанија добива и поддршка по 15.200 денари за секој вработен според ефективни работни часови. Нивниот вкупен број на вработени изнесува 11.235 лица, што значи поддршка од околу 2,78 милиони евра.

Економските мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ за време на коронакризата придонесоа последиците да бидат надминати и денес да имаме економија која е стабилна, жива и динамична.

Доказ за тоа се бројни статистички параметри.

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.

Истовремено, бележиме раст на извозот и раст на индустриското производство.

Платите растат во континуитет. Просечната плата за месец март изнесува  28.217 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година.

Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

Градиме развојна, стабилна македонска економија која отвора шанса за сите.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник