Македонија
17. September 2019 - 15:07

Костадин Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите и против поврат на ДДВ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ преку членот на Извршниот комитет Трајко Славевски порача дека е против да се покачи минималната плата.

За потсетување, минималната плата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 10.800 денари, а денес е 12.507 денари. Во меѓувреме отворен е процес за ново, дополнително зголемување на минималната плата.

Научени на грабање, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат платите да растат, туку сакаат да завршуваат во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на мерката Мој ДДВ за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за граѓаните. Со оваа мерка за нешто повеќе од два од месеца, над 2,2 милиони евра легнуваат директно на сметките на граѓаните.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што преку бројни мерки се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се врати времето кога се богатеа неколкумина во белиот дворец, но тој филм нема да го гледаат.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во секое семејство.

Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник