Фудбал
24. January 2016 - 19:19

Коста му пресуди на Арсенал

Победа на Челзи во големото лондонско дерби од Премиер лигата со што Арсенал за момент го загуби здивот кон шампионската титула. 

Гостите го искористија исклучувањето на Мертесакер по еден сомнителен старт над Диего Коста, а токму шпанскиот репрезентативец го постигна нешто подоцна и единствениот погодок на оваа средба за триумф на Челзи од 1-0 и бекство од опасната зона. 
Арсенал со тоа му го остави лидерското место на Лестер во Премиер лигата.