Косовското Собрание не ја изгласа резолуцијата на опозицијата за визна либерализација
Резолуцијата на косовските опозициски партии, со која се бара одговорност од Владата на Рамуш Харадинај за неуспехот да обезбеди визна либералзиација, денеска не беше изгласана од пратениците во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во собраниската сала беа присутни 70 пратеници, гласаа 42, од кои гласот „за“ резолуцијата го дадоа 40 пратеници, што не беше доволно таа да се усвои. Еден пратеник беше „против“ и еден „воздржан“.
Претходно шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти информира дека на вчерашниот состанок со шефовите на пратеничките групи не се постигнала согласност околу предлогот на опозицијата.
Резолуцијата, поднесена од пратеничките групи на ЛДК и Движењето Самоопределување (ВВ), предвидуваше оставка на Владата и распуштање на Парламентот, со што ќе се отвореше патот за нови избори и создавање нови институции.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште