Косовското Собрание бара прекин на дијалогот со Белград се до ослободувањето на Харадинај
Косовското Собрание денеска усвои Резолуција со која се бара безусловно ослободување на поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај и прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина се до исполнувањето на овој услов.
Како што јави Танјуг, со Резулуцијата, усвоена со мнозинство гласови, косовската Влада се обврзува нејзина примарна задача да биде ослободување на Харадинај и да побара од ЕУ „да ја натера Србија да ги поништи сите потерници и обвиненија“ против косовските Албанци.
Резолуцијата ја предложи опозициската Алијанса за иднината на Косово, чиј лидер е Харадинај, но таа беше подржана и од владејачките партии.
Харадинај се наоѓа во Франција, каде Судот во градот Колмар треба да донесе одлука по барањето на Белград за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосотрства извршени во Косово. Судот досега во два наврати го одлагаше донесувањето одлука по српското барање. Следното судско рочиште е закажано за 6 април.
Харадинај беше уапсен на 4 јануари на аеродромот во Базел врз основа на потерница на Интерпол покрената од Србија. На 12 јануари Судот во Колмар го ослободи Харадинај од притвор, но му забрани да ја напушти Франција се до донесувањето на конечната одлука по барањето на Белград.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората