Балкан
2. November 2018 - 23:02

Косовското МНР тврди дека Дачиќ лаже оти Доминика го повлекла признавањето на Косово

Министерството за надворешни работи на Косово ги демантира наводите на шефот на српската диломатија Ивица Дачиќ дека Доминика ја повлекла одлуката за признавање на Република Косово како независна држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Јетлир Зиберај, советник на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, изјави за  медумите дека оваа информација е „само уште една во низата лаги на Дачиќ“.

– Ниту имало ниту има повлекување на признавањето. Ние имаме дипломатски односи со Доминика. Ова е уште една од лагите во низата лаги на Дачиќ, изјави Зиберај.

Шефот на српската дипломатија,  Дачиќ,  денеска за српската новинска агенција ТАНЈУГ изјави дека Доминика ја повлекла одлука за признавање на Косово за независна држава.