Македонија
27. December 2016 - 16:30

Косовските власти демантираат дека Мухаџери се вратил на Косово - Македонските молчат

Косовската полиција ги демантира информациите на италијанските медиуми за враќањето на озлогласениот терорист Лавдрим Мухаџери, македонските власти молчат.  Леспресо во својот текст повикувајки се на информации од италијанските разузнавачки служби пишува дека Мухаџери веќе два месеци заедно со 400 негови приврзаници се наоѓа на балканот. Весникот пишува дека Мухаџери во средината на ноември бил забележан во Македонија за што биле известени безбеносните служби во регионот, по што се губи трагата на терористот познат по сцените со обезглавување на заробеници во Сирија.

Италијанските безбедносни служби информираат дека Косовската агенција за разузнавање ги добила информациите дека Мухаџери е во реонот на Качаник, а во неговото пронаоѓање биле вклучени и анти терористичките единици од Албанија и Македонија.

Портпаролот на Косовксата полиција за Сител ги демантира ваквите написи.

-  Според информациите од безбедносните институции во Косово, но исто така и на меѓународни партнери проценките се дека Лавдрим Мухаџери се уште е во областа на конфликтот во Сирија, вели Даут Хоџа.

Неговото враќање на Балканот ќе се смета за закана не само за регионот, туку и за многу европски земји каде тој има свои екстремистички контакти и е во состојба да изврши напад.

Мухаџери беше осомничен како командант на групата терористи приведена во последната координирана акција во Македонија, Косово и Албанија чиј членови планираа координирани напади во трите земји. Безбедносните служби потврдија дека планот бил да се изврши напад и на фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Израел. Италијанските медиуми пак откриваат дека операциите на Мосул им ги посочиле информациите на полициските служби во регинот за да го спроведат приведувањето.

Мухаџери, според оценките на безбедносните служби е лидер на балканското крило на ИСИЛ. Иако имаше информации дека убиен во Сирија, тој набрзо по ваквите пишувања објави своја фотографија од боиштата со оружјето во раце.

Од македонското МВР нема одговор дали се точни информациите на италијанските медиуми и дали Лавдрим Мухаџери бил забележан на територијата на Македонија.