Балкан
22. April 2017 - 8:52

Косовските функционери лани за службени ручеци потрошиле над три милони евра

И покрај политичките изјави на косовските фукционери дека ќе има заштеда на буџетските средства, за трошоци за патување, ноќевања и ручеци од буџетот и натаму се трошат милони евра.

Во извештајот за буџетските расходи за 2016 година, стои дека за службени ручеци во земјата биле потрошени 2 милиони и 824 илјади евра, додека за истата намена надвор од земјата 23 илјади евра.

Нагласен раст на трошоците е забележан и кај категоријата сместување за време на службени патувања надвор од земјата, за што лани биле потрошени 2 милони и 316 лјади евра, наспроти 2015 година кога биле потрошени милион и 899 илјди евра.

Исто така и за службени патувања, надвор од земјата потрошени се повеќе пари. Така лани биле потрошени 3 милиони и 563 илјади евра, додека претходната, 2015 година 3 милиони 482 илјади евра.

За патувања низ земјата косовските функцонери лани потрошиле милион и 135 илјади евра,додека една година претходно милион и 111 илјади евра.

Косовските функционери лани споредено со претходната година многу повеќе разговарале на службените телефони. Тие направиле сметки во вкупен износ од 106 илјади евра, додека во 2015 година 74 илјади евра.