Балкан
27. November 2019 - 18:58

Косовскиот претседател Тачи во посета на настраданите во Туман, земјотрес стресе додека даваше изјава

Косовскиот претседател Хашим Тачи доцна поплaдне го посети Туман едно од нјпогодените место од катастрофaлниот земјотрес што Албaнија ја погоди вчера утрото.

За време на неговиот престој и тој го почувствува новиот земјотрес со интензитет од  5,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентaр во Драч.

Потресот се случи во моментот кога тој дaваше изјава за медиумите. За миг се создаде паника, но присутните ги смируваше албанскиот вице премиер Ерион Браче.

– Изразувам најдлабоко сочувство за исгубените животи. Даваме наша целосна солидарност. Во Албнија и во Косово денеска е ден на жалост. Во добри, но и тешки денови сме и ќе бидеме обединети. Секоја болка на Албанија е болка и на Косово, рече Тачи.

Тој искажа голема благодарност до сите кои дале подршка и помош за надминување на оваа тешка ситуација.