Косовскиот премиер сменил српски министер бидејќи го придружувал Марко Ѓуриќ
Косовскиот премиер Иса Мустафа го разреши од функција министерот за администрација и локална самоуправа Љубомир Мариќ, еден ден по посетата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Марко Ѓуриќ на Косово.
Пренесувајќи ја веста, порталот Албеу додава дека Мариќ е разрешен бидејќи го придружувал Ѓуриќ за време на „нелегалната посета на Косово“.
Инаку, вчера попладне од канцеларијата на Мустафа испратија соопштение до медиумите во кое стои дека се разрешува Мариќ и на негово место е именувана Мирјана Јетвиќ, досегашен заменик министер во Министерството за труд и социјална работа.
Во соопштението се наведува дека одлуката за разрешување и именување била донесена во консултација со претставници на Листа српска во косовскиот Парламент.
Ѓуриќ вчера престојуваше во северниот дел на Косовска Митровица иако не му беше дозволено од страна на косовските власти. Косовските медиуми наведуваат дека тој наводно пристигнал со амбулантно возило.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи