Балкан
15. March 2016 - 22:29

Косовскиот премиер ја повика опозицијата на дијалог во Парлементот

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска повторно ја повика опозицијата да се врати во Парламентот за да започнат дијалог околу проблемите кои ја прокупираат, јави дописникот на МИА.

Тој на седница на косовската Влада рече дека опозицијата треба да се откаже од насилството и расправиите кои сеат омраза.

- Треба да се откажат од насилството и нападите врз објектите и полицијата. Владата е решена да ја реализира програмата која е насочена кон економски развој, привлекување странски инвестиции, зајакнување на правната држава и евроатланската интеграција. За да се реализира сето тоа во име на Владата ја повикам опозицијата да се врати во Парламентот за да разговараме, изјави Мустафа.

Тој додаде дека од интерес на земјата е сите да работат на подобрување на животот на граѓаните.