Балкан
23. August 2016 - 20:03

Косовскиот премиер апелира да се ратификува договорот за демаркација

Косовскиот премиер Иса Мустафа апелира до сите членови на Парламентот да се „потсетат колку и должат на меѓународната заедница“ и да го ратификуваат договорот за демаркација со Црна Гора.

Тој посочи дека актуелните „граници на Косово се утврдени кога земјата е ослободена и прогласи независност“.

Мустафа наведе дека тоа се границите кои ги признаа САД и меѓународната заедница и оти „некои можат да го трујат јавното мислење, да се закануваат како договорот никогаш нема да биде ратификуван“, но оти „треба да се биде реалаен и да се увиди дека Косово никогаш нема да има поинакви граници“.