Балкан
4. May 2016 - 12:11

Косовски медиуми: Приштина чека визна либерализација

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели за утре закажа свечена седница на парламентот уверен дека ЕК ќе препорача визна либерализација за косовските граѓани, објавуваат косовски медиуми.

Медиумите нагласуваат дека се очекува на косовските пратеници в четврток да им се обрати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Сигурни сме дека ќе добиеме позитивна препорака и в четврток ќе одржиме свечена седница. Патот кон ЕУ продолжува. Не чека голема работа за да се приближиме до Европа, изјави Весели.

На седницата повикани се и претставниците на опозицијата кои најавија дека денеска ќе одлучат дали ќе присуствуваат.