Македонија
12. February 2017 - 16:17

Косовски Газета Експрес: ,,Скандалозно: Советникот на Заев го нарекува Али Ахмети параноичен шизофреничар“

Скандалозно: Советникот на Заев го нарекува Али Ахмети параноичен шизофреничар. Под овој наслов косовскиот весник Газета експрес, го пренесува facebook статусот на Митко Јованов поранешен советник на лидерот на опозијата, кој го опишува Ахмети како човек со здравствени проблеми.

Јованов цитирајќи извадци од швајцарски весници, пишува дека Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија.

„Се до моментот кога отпатува  на македонскиот фронт, водачот на терористите на ОНА, сега лидер на ДУИ и двократниот  татко Али Ахмети се инкасираше солидна инвалидска пензија, поточно околу 3.000 франци месечно. ОНА-командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија“ пишува Јованов повикувајќи се на швајцарски весници.

Косовски Газета експрес, заклучува дека на ваков начин и со постојани закани и напади на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев кон ДУИ, сериозно ги доведува во прашање и ги става во дилема напорите на Заев за формирање на новата Влада во Македонија.