Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти
Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – криумчарење мигранти.
-Вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај село Прдејци, осомничениот управувајќи товарно моторно возило марка „ИВЕКО“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје. По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување на мерка – притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228