Косовската Влада се надева дека Српска листа ќе се предомисли
Иако пратениците на Српската листа во салата на Собранието на Косово се преместија на страната за опозицијата, Влада во Приштина сепак се надева дека министрите од оваа најголема партија на косовските Срби ќе продолжат да работат во извршната власт, јави дописникот на МИА.
Политичкиот совтник на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Халил Матоши за весникот „Зери“ вели дека очекува Српската листа да ја разгледа уште еднаш одлуката за напуштање на Владата.
- Се надевам дека Српска лста ќе има порационална позиција и ќе ја разгледа уште еднаш сопствената одлука, изјави Матоши.
Тој не дава прецизен одговор дали се планира замена на министрите од Српската листа, но вели дека очекува ова партија да се предомисли околу напуштањето на владината коалиција.
Весникот се обидел да добие став околу ова прашање и од претставниците на Српска листа, но тие, како што тврди, не сакале телефонски да одговорат.
Од друга страна претстваниците на опозицијата сметаат дека Владата ќе ги исполни сите барања на Српска листа во замена за нејзино враќање во владината коалиција.
Пратеникот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Насер Ругова ја отфрли секоја можност неговата партија да ја поддржи малцинската Влада на Харадинај, која според него е „најслаба и најнедоговорна од ослободувањето на Косово“.
Според него, ЛДК ќе преземе се за да предизвика пад на актуелната Влада и дека е подготвена за разговори за утврдување датум за одржување предвремени избори.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228