Балкан
4. August 2016 - 18:05

Косовската Влада го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора

Косовската Влада го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора, и покрај противењето од страна на опозицијата.

Документот денеска е испратен на усвојување во Парламентот.

Демаркацијата на границата со Црна Гора и договорот со Србија, со кој му се дава поголеми права на српското малцинство на Косово, се главните причини за несогласување меѓу Владата и опозицијата.

Од минатата есен опозицијата во неколку наврати употреби солзавец за да ја спречи работата на Парламентот, а нивни приврзаници редовно организираат протести, кои често прераснуваат во судири со полицијата. Пред Парламентот и денеска се одржуваат протести.