Балкан
17. April 2019 - 12:18

Косовската Влада финансиски ќе ја помогне обновата на Нотр Дам

Владата на Косово ќе помогне финансиски за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, која се запали пред два дена, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Форумот на високо ниво за координација на донаторите, му изрази сочувство на францускиот амбасадор во Приштина Дидие Шабе за настанатите штети на познатата катедрала и вети дека и Косово ќе помогне во нивното санирање.

Харадинај не кажа која е висината на средствата кои неговата Влада ќе ги издвои за таа намена.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Таск во вторникот побара од 28-те земји членки на Европската унија да помогнат во обновата на Нотр Дам.