Македонија
8. August 2016 - 18:07

Косовската полиција тврди дека спречила терористички инциденти

Генералниот директор на косовската полиција Шпенд Маџуни во извештај до Одборот за внатрешни работи на косовското Собрание изјави дека полицијата на различни места во земјатауспеала да спречи „терористички инциденти“. 

-Продолжуваме да преземаме конкретни мерки за да ги спречиме таквите инциденти, рече тој пред членовите на Одборот на чија седница за првпат по повеќе месеци учествуваа и претставници на Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, објави Косовапрес.

Според Маџуни, безбедностната ситуација на Косово е „мирна и стабилна“.

Тој изјави дека косовската полиција постигнала напредок во борбата против трговијата со луѓе и економскиот криминал во земјата.