-->
-->
Косовската полиција открила гранати и експлозив во автобус од Србија
-->
Косовската гранична полиција на граничниот пункт Јариње открила две рачни гранати, експлозив и детонатор во автобус кој доаѓал од Србија.
Бугарската агенција БТА го цитира косовското радио РТК2, според кое главниот обвинител за Косовска Митровица Шичири Шиља соопштил дека во врска со случајот се уапсени три лица. Портпаролот на полицијата Бесим Хоти потврдил дека на обвинителството се преддени три лица.
Во автобусот имало 57 лица, раселени во Србија, кои доаѓале да гласаат на локалните избори во Косово.
Друг автобус со стотина раселени од Србија утрово бил запрен на граничниот пункт Бела земја, соопшти косовската телевизија Пулс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација