Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
Собранието на Косово ќе одржи денеска пленарна седница на која ќе се расправа за трите години на Владата предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Денешната собраниска расправа е закажана во понеделникот на седница на Претседателството на Собранието, на барање на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), која преку резолуцијата бара „Владата да го заврши мандатот со оставка или со предлог за нејзино разрешување“, а по оставката или разрешувањето, Собранието на Косово да се распушти.
Расправа за тригодишнината на владата на Движењето самоопределување (ВВ) беше побарана и претходно, но поради отсуство на премиерот Курти во Собранието не можеше да се одржи.
Седницата на која ќе се разгледува предлог-резолуцијата на ААК, партија предводена од поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, е закажана за во 13 часот.
Ново на Сител
-
АХВ: Земени се контролни оброци и наредено е затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир